На северот на Мексико денеска дојде до жестоки судири меѓу безбедносните сили и членови на моќниот картел „Синалоа“, откако е приведен еден од лидерите на картелот, Оливио Гузман Лопез, син на кралот на дрогата, Хоакин Ел Чапо Гузман.

Тешковооружени членови на бандата ги обиколиле безбедносните сили и ги приморале да го ослободат Гузман Лопез, кој е обвинет за трговија со дрога во САД, пренесува Ројтерс.

Министерот за безбедност, Алфонсо Дуразо, објаснил дека патролата набрзо ја нападнале бројни вооружени групи и оти било донесено одлука силите за безбедност да се повлечат за да нема жртви меѓу владините сили и да се избегне дополнително насилство.


 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...