Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање, одби да ги коментира изјавите на челниците на ДУИ дека се загрижени откако него на оваа функција го постави новоименуваниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.

„Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање.

Прашање: ДУИ денеска имаше реакција, дека не се согласуваат со одлуката да бидете поставен на оваа функција. Утринава вицепремиерот Бујар Османи имаше таква изјава?

„Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од Претседателот, јас сум именуван од Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски“, рече Муслиу.

Прашање: Не би ги коментирале изјавите на ДУИ?

„Па видете ДУИ е политичка партија, Бујар Османи е вицепремиер, не знам која функција ја има во политичката партија, не знам каква изјава дал, не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знам тие се заедно во влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму“, вели Муслиу.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...