Научниците од британскиот Универзитет во Ланкарстер користат миксер за храна за да ги иситнат наночестичките од влакната на овој зеленчук и велат тие значително ја подобриле цврстината на цементот.

“Откривме дека новиот материјал може да ја зголеми цврстината на цементот за 80 проценти. А потребна е мала количина”, рекол лидерот на истражувањето, Мухамед Сафи. Објаснил дека со додавање на ситен морков во бетонската смеса успешно се спречува неговото пукање.

“Влакната од целулозата во главно се многу цврсти, не се топат во вода, имаат слаби киселини и бази. Целулоза има во дрвото, но поедноставно се вади од зеленчукот”, изјавил Кемп-Грифин

Тимот на Сафи продолжува со тестирање на оваа необична смеса, а планираат во понатамошната постапка да употребат и шеќерна репка.

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...