Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, одби да коментира поврзаност со случајот „Рекет“, кој индиректно се однесува на постапката за „Империја“, каде меѓу осомничените, освен Орце Камчев, беше и тој.

Мијалков на влегување во Судот, за процесот „Таргет-Тврдина“, кусо кажа:

Прашање: Дали дадовте некакви пари за „Империја“?

„Немам никаква конекција со тоа“, рече Мијалков.

Името на Сашо Мијалков се спомна и од сведоците во „Рекет“, но  се споменува и во новите прислушувани разговори кои анонимно се објавуваат на Ју Тјуб под псевдоном „U6e Big“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...