Вселенското летало OSIRIS-REx на НАСА се приближи на 19 километри до астероидот, Бену. Следниот чекор на мисијата е закажан за 31 декември, кога OSIRIS-Rex треба да се спушти на височина од седум километри над Бену и да започне да орбитира околу него. Сондата ќе собира податоци што ќе овозможат прецизно мапирање на големината, обликот и вртливиот момент на астероидот.

За разлика од повеќето беспилотни летала лансирани од страна на вселенските агенции во светот, OSIRIS-Rex ќе треба повторно да се врати на Земјата.

Астероидот Бену се смета за потенцијално опасен, а според проценките  на научниците во непосредна близина на Земјата би можел да се најде за околу 150 години.

Доколку Бену би се судрил со Земјата најверојатно би направил огромен кратер.

 

Loading...

Shpërndaj me