Три лица загинаа во синоќешните нереди кога навивачи на клубовите Олимпија и Мотагва се судрија пред почетокот на натпреварот од државното првенство на Хондурас.

Според болнички извори, хоспитализирани се седум лица, од кои четворица се во критична состојба.

Немирите започнале кога бил нападнат автобусот на играчите на Мотагва. Фудбалерите Емилио Изагире, Џонатан Ругијар и Роберто Мореира се пренесени во болница.


Додека траел нападот на автобусот, немири имало и на теренот на фудбалскиот стадион.

„Врз нас паѓаа шишиња и камења, а фудбалерите се обидоа да се засолнат на подот од автобусот“, изјавил тренерот на Мотагва, Диего Васкез.

По инцидентот мечот е суспендиран.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...