Вистинска природна реткост деновиве е пронајдена во еден двор во американската сојузна држава, Вирџинија. Станува збор за двоглава змија којашто успеала да преживее и покрај фактот што влекачите со вакви аномалии не успеваат да опстанат повеќе од неколку недели.

Змијата е од видот – Источна кафеава змија и веќе е предадена на Центарот за диви животни во Вирџинија. Испитувањата покажале дека змијата има два хранопровода, едно срце и едно белодробно крило, а обете глави се способни да гризнат и да вбризгаат отров.

Shpërndaj me