Индија денеска успешно ја лансираше својата втора мисија на Месечината, откако минатата недела го запре лансирањето на леталото поради технички проблеми. Сондата „Чандрајан 2“, полетала од вселенската станица Шрихари, а настанот беше пренесуван во живо. Индија очекува дека мисијата вредна 150 милиони долари, ќе биде првата што ќе слета на јужната половина на Месечината, кадешто ќе истражува за појава на вода и минерали.

Со ова Индија стана четврта држава во светот што испратила вселенско летало на природниот земјин сателит, откако тоа веќе го имаат направено, САД, Русија и Кина.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...