Израелските сили денеска почнаа да ги уриваат зградите во близина на воените бариери во предградијата на Ерусалим.

Акцијата следува откако израелскиот Врховен суд минатиот месец пресуди дека тие згради ја кршат забраната за градба во регионот. Рокот на жителите да ги напуштат домовите истече во петокот.

Денешните уривања се дел од долгиот спор околу иднината на Ерусалим, кој е дом за повеќе од 500.000 Израелци и 300.000 Палестинци, но и свет град на јудаизмот, исламот и христијанството.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...