Археолозите во Кина откриле антички град кој е стар повеќе од 4000 години, со површина од 400 хектари што го прави еден од најголемите на светот.

На ридот од каде извира кинеската рекај Туваи, научниците откриле стар град и пронашле огромна скалеста пирамида, висока околу 70 метри која некогаш служела како средиште на палатата, одбрамбени камени ѕидови, траги од производство на алат и неколку јами исполнети со човечки черепи.

Пирамидата се наоѓа во центарот на она што експертите го нарекуваат Шимао, огромно археолошко место чиешто оригинално, древно име останало мистерија за научниците. За Шимао биле потребни неколку години ископувања за конечно да се разоткријат некои од неговите мистерии.

Секое ново откритие отвора нови интересни прашања за цивилизацијата која се негувала во Шимао пред околу 4.500 години, што е многу пред изградбата на Големиот ѕид, чии први темели датираат од пред 2.700 години.

Пирамидата е направена на еден рид кој е украсен со човечки а и помал дел животински форми на лица и 11 огромни скали. Позади влезот е откриен голем отворен простор каде најверојатно се случувале ритуали и политички собири.

Се смета дека владеачката елита живеела на врвот од пирамидалниот комплекс, кој веројатно воедно бил и центар за уметничко и индустриско производство. На фасадата од пирамидата можат да се забележат бројни необични симболи, симболи на изрезбани очи како и антропоморфни камени лица.

Научниците тврдат дека во Шимао, масовното жртвување на луѓе било честа појава, и тоа е само на една локација каде се откриени шест јами со човечки жртви. Во другите делови на Шимао се пронајдени човечки остатоци, како и предмети од жад кои се поврзани со жртвувањата.

Loading...

Shpërndaj me