Од автокампот Крани кај Преспа изутринава доаѓаат ведео материјали коишто наликуваат на кадри од ударните вести за разорни урагани или тајфуни на далечниот исток.

Стогодишни искорнати стебла, превртени или смачкани камп приколки и срамнета инфраструктура се само дел од сведоштвото за хоророт што вчера, доцна попладне го преживеале излетниците и туристите во овој дел на Преспа.

Некои од нив, сѐ уште под стрес од преживеаното, раскажуваат дека најлошото траело околу 20 минути. Силниот ветер проследен со дожд и град носел сѐ пред себе, а според кажувањата на очевидците неговата брзина била близу 200 километри на час. Според нив, во еден момент градот натрупал слоеви од по 30 сантиметри.

Информациите до кои дојде Алсат се дека во градот Преспа биле уништени 40 автомобили, а брзата помош интервенирала на 20 места.

Засега нема информации за посериозно повредени лица.

Од изутринава механизација, како и тимови на противпожарните служби работат на расчистување на теренот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...