Американската сојузна држава Луизијана, која неделава беше погодена од силно невреме почна да се подготвува за удар на тропска бура што може да се претвори во ураган. Метеоролозите очекуваат дека тоа би можело да се случи денеска до крајот на денот.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен „Берил“, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи.

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...