Последното почивалиште на еден од најпознатите бродови во Втората светска војна, „USS-Hornet“, конечно е познато. Истражувачки брод во вторникот го објави сензационалното откритие лоцирано на дното на Тихиот океан.

Хорнет бил последниот поголем американски носач на авиони потопен во борбите со јапонската морнарица. Во својата кратка кариера учествувал во неколку пресвртни моменти во војната на Пацификот. Остатоците од бродот се откриени на длабочина од пет километри, во близина на Соломонските острови, каде бил потопен во август 1942 година.

Хорнет е познат по своето учество во таканаречениот напад – „Дулитл“, активиран за одмазда против Јапонија, по нападот во Перл Харбур. Потполковникот Џејмс Дулитл прилагодил 16 бомбардери Б-25 кој полетале од носачот и го бомбардирале Токио. Бродот учествувал и во битката за Мидвеј, за која историчарите сметаат дека го означила пресвртот во војната.

Придружуван од носачите „Јорктаун“ и „Ентерпрајс“ уништиле три од четири најголеми јапонски носачи на авиони. Удар од кој Јапонија не се опоравила до крајот на војната.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...