Голема Адрија се вика изгубениот континент кој се крие на дното на Јадранско море и регионот на Југоисточна Европа, а ја зафаќа и Албанија. За ова истражуваат научници од Универзитетот во Утрехт, Холандија. Континентот за кого се вели дека бил голем колку денешниот остров Гренланд, исчезнал пред околу 140 милиони години. Негови остатоци има околу Јадранско море, во Италија и Хрватска, а компјутерските шеми при геолошката анализа на Земјата во последните 240 милиони години, покажуваат дека на негово место денеска се наоѓаат Средоземното море и Блискиот Исток. Поради многуте тектонски поместувања, Адрија исчезнала, но од неа биле создадени Алпите, Апенините, Балканот и Турција.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...