Насилни протести и судири меѓу демонстрантите и полицијата веќе втора вечер по ред избија во Барселона. Шпанските власти започнаа истрага за група активисти коишто ги организирале протестите поради осудителни пресуди за лидери на каталонските сепаратисти.

Илјадници демонстранти во близина на канцеларијата на шпанската влада во четири каталонски провинции, ја нападнале полицијата  фрлајќи петарди и други тврди предмети.

Владата во Мадрид ги осуди насилствата и ја поздрави присебноста на полицијата, за која рече дека ќе остане да ја гарантира безбедноста во регионот.

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...