Нивото на водата во Венеција повторно расне, три дена по највисокото ниво на поплавата во последните 50 години. Се предвидува денеска да дојде до 1,60 метри, а на плоштадот Св. Марко, водата веќе е „до колена“.

Италијанската влада вчера прогласи вонредна состојба во градот, откако водата го допре рекордот од 1,87 метри. Поплавата ја предизвикаа обилни дождови кои се поклопија со полната месечина што донесе висока плима на морето.

Органите за заштита почнаа изградба на подвижни бариери наречени „Мојсеј“, но проектот наиде на критики поради пречекорување на трошоците и скандали со корупција.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...