Започна погребната церемонија за австрискиот возач во Формула 1, Ники Лауда, кој почина на 20 мај. Според агендата, телото ќе биде изложено до 12 часот, по што ќе следува религиска миса и приватен погреб. Телото на Лауда е облечено во комбинезон на Ферари, а на капакот е поставена неговата кацига.

Австриските медиуми пренесуваат дека на последниот поздрав ќе присуствуваат голем број познати имиња од светот на Формула 1, меѓу кои и возачот на Мерцеде, Луис Хамилтон, шефот на организацијата, Берни Еклстоун, првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, како и други познати имиња од Ф-1. Предвидено е свој говор да одржат поранешните негови колеги, возачите Герхард Бергер и Алан Прост.

Богребот се планира за 14 часот на гробиштата Нојстифтер Фрајдхоф, каде што почива и неговата мајка.

Ники Лауда беше трикратен светски шампион во Формула 1. Две титули освои со тимот на Ферари, а една со Мекларен. Почина како последица на компликации на белите дробови.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...