Автобус на ЈСП изгоре на патот кај селото Грушино. Како што дознава Алсат од извори во противпожарната служба на Скопје, пожарот се случил денеска околу 12 часот, а според првичните информации причина за пожарот е дефект во електричната инсталација кај моторот.

Од ЈСП информираа дека станува збор за автобус марка ЛАЗ производен во Украина во 2011 год, со број 55. Во моментот на пожарот во него имало околу 40 патници. Меѓу нив нема повредени лица. Екипи од МВР направиле увид на местото на настанот.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...