Со доаѓањето на топлите месеците доаѓаат и комарците. За да го намалите отокот и воспалението на кожата по убодот, може да се послужите со овие природни средства.

Лед
Ледот може да го намали црвенилото и отокот на кожата исто како кај алергиските реакции. Немојте никогаш да го ставате ледот директно на кожата бидејќи може да ја оштетите. Наместо тоа, завиткајте ја коцката лед во ткаенина и притиснете на местото каде ве каснал комарецот.

Мед
Најдобро е да не го носите надвор на себе бидејќи ќе привлечете повеќе инсекти, но медот може да ви помогне да го смирите воспалението. Причината за тоа е антибактериското и антивоспалителното својство на медот.

Сода бикарбона
Веќе се познати многуте начини на примена на содата, а овој пат може да ја користите за третман на кожата. Едноставно помешајте лажица сода бикарбона со малку вода, а потоа, добиената паста намачкајте ја на кожата.

Паста за заби
Пастата за заби која содржи ментол и сода бикарбона може да го намали отокот и болката. Ставете тенок слој на кожата и причекајте да се исуши. На крајот измијте го местото со ладна вода.

 

 

Shpërndaj me