Стартот на 27 април се одложи, бидејќи одбраната сѐ уште немала  увид во сите докази на Обвинителството. По половина час процесни забелешки од страна на адвокатите рочиштето се одложи за 26 февруари.

Обвинителката Вилма Рускоска посочи дека сите 4 обвинети предложиле по 300 сведоци. Потег во кој препознава обид за одолговлекување на постапката.

Денеска на обвинителна клупа за првпат како обвинети за организација на насилниот упад на 27 април 2017 седнаа поранешниот спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри  Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор  на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.

Претходно учесниците во упадот добија вкупно 211 години затвор, а половина од нив, вклучително и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ,  кои ги отворија вратите, беа амнестирани.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...