Четириесетина минути траеше распитот во Обвинителството за организиран криминал на поранешниот спикер на Парламентот, Трајко Вељаноски. Осомничен е дека бил дел од организаторите на крвавото сценарио на 27 – ми април пред две години.

– Господине Вељаноски во кое својство бевте повикани во обвинителството?

„Повикан бев во обвинителството, се одзвав на поканата и толку“, одговори Вељаноски.

– Направивте ли увид во доказите?

„Не…“, рече Вељаноски.

Вељаноски се бранел со молчење, затоа и распитот траел толку кратко. Сакал прво да направи увид во доказите, па дури потоа да го даде својот исказ за настаните и неговата улога во крвавиот четврток. Освен Вељаноски, Обвинителството за организиран криминал сомничи уште четири лица дека биле дел од организацијата на упадот – Никола Груевски кој побегна во Унгарија, Миле Јанакиески кој е во куќен притвор, Спиро Ристоски кој речиси два месеца е во притвор во Шутка и Никола Бошкоски поранешен разузнавач кој пребега во Грција.

Во февруари Вељаноски беше приведен. За него беше побаран притвор, но го спаси пратеничкиот имунитет кој не му беше симнат во Собранието и остана на слобода. Инаку обвинителството го вештачеше неговиот мобилен телефон. На критичниот 27 – ми април комуницирал со Никола Груевски, Крсто Мукоски, Илија Димовски и со шефот на неговото обезбедување – Горан Ѓошевски – Леви. Инаку засега останува тајна дали петмината осомничени дека го организирале крвавиот упад во Собранието, побарале помилување и запирање на истрагата против нив од претседателот Ѓорѓе Иванов кај кого минатата недела пристигнаа молби за милостина од веќе осудените за крвавиот четврток.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...