Поранешниот претседател на Парламентот, Трајко Вељаноски претпладнево бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, јавуваат македонските медиуми. Тој е осомничен дека е дел од организаторите на „крвавиот четврток“.

Вештачењето на неговиот телефон, според ОЈО, покажува комуникација со поранешниот премиер Никола Груевски и со сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ за организирање на дел од настаните.

Неговиот сопартиец Спиро Ристовски е веќе втор месец во притвор поради сомнение дека го сторил истото кривично дело.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...