Еден тим на еколози, предводен од страна на Даниел Страјкер од Британскиот универзитет во Глазгов, неодамна направи посебен софтвер кој користи генетски информации за вирусите и кој може да предвиди во која група на животни ваквите опасни вируси најверојатно ќе се населат, пренесува енаука.

Резултатите од нивната студија се објавени во списанието Science, а еден од најважните заклучоци е дека идентификацијата на овие животински резервоари би можела да помогне при превенција од можни идни епидемии кај луѓето.

“Додека не откриете што точно е резервоарот, комплицирано е да се процени ризикот и тешко дека може да направите нешто за да го спречите почетокот на болеста”, тврди Страјкер.

Засега единствените превентивни мерки се вакцинација и воспоставување на минимален контакт меѓу луѓето и заразените животни.

Кога научниците се обидуваат да го поврзат вирусот што се јавува кај луѓето со нивниот животински резервоар – т.е. видот на животни кој може да го нахрани напаѓачот, тие користат генерално индиректни докази.

Најдобар пример за ова е вирусот на ебола, за кој многу научници се сомневаат дека природно кружи кај одредени видови на слепи лилјаци, на основа на еколошките и молекуларните податоци.

Со цел подобро да ги идентификуваат животните кои се важни за пренесувањето на таквиот вирус, овој тим од научници собрал епидемиолошки и генетски податоци за вирусот од видот кој може да ги зарази луѓето и чии домаќини веќе се познати.

Користејќи се со вештачка интелигенција, истражувачите направиле компјутерски модел кој би можел да предвиди кој од единаесетте групи на животни ќе го потхрани вирусот.

Ова го направиле користејќи информации од РНК геномот на вирусот. Овој компјутерски модел е заснован на заклучокот дека генетски сродните вируси за домаќини одбираат слични животни, а тимот исто така ги земал во предвид и сигналите кои укажуваат на тоа дека вирусот веќе го прилагодил својот геном на својот домаќин.

При натамошните тестови, во 72 отсто од случаите софтверот точно го предвидел домаќинот на вирусот.

Кога тимот го применил моделот на вируси чии животински домаќини сѐуште не се познати, предвидувањата во голем број од случаите имале смисла – вели лидерот на студијата.

Така на пример, софтверот покажал дека сите четири вируси на ебола кој ги испитувал како домаќин, најверојатно имале еден подвид на слепите лилјаци – pteropodiformes – кој го опфаќа видот во кој се пронајдени антитела и вирусни секвенци. Исто така, моделот предвидел дека двата вида на вирусот ебола идентификувани во Уганда најверојатно имаат резервоари во примати.

Страјкер се надева дека и други истражувачи ќе ги тестираат неговите предвидувања во други теренски студии.

Еден од тие истражувачи сосема сигурно ќе биде Сара Кливленд, ветеринарен епидемиолог, од истиот универзитет. Моделот на Страјкер предвидува дека вирусот, одговорен за таканаречената Кримска-Конго хеморагична грозница, инфекција која може да биде смртоносна за луѓето е видена во Африка, на Блискиот Исток, во Азија и на Балканскиот полуостров, а би можел да се наоѓа во слепите лилјаци или кај добитокот, а не како досега што се мислеше во крлежи.

“Ова нѐ наведе да ја преиспитаме претпоставката содржана во учебниците”, вели Кливленд, чиј тим сега планира да истражува животни заразени со овој вирус во Танзанија.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me