СДСМ за вечерва го свика продолжението на седницата на Извршниот комитет. На дневен ред, освен претседателските избори, се и точките за локалните избори во три општини, можните предвремени парламентарни избори и редовна пререгистрација на партијата.

Извори на Алсат од СДСМ најавуваат дека Извршниот комитет вечерва ќе одлучи само за една точка. Неофицијално, дознаваме дека СДСМ ќе го отфрли повикот на опозицијата за предвремени избори заедно со претседателските. Информациите за можна средба меѓу лидерите на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев ги демантираа и двете партии.

Loading...

Shpërndaj me