Компанијата “Веропулос” овој викенд во Тетово го отвори единаесеттиот Веро маркет во земјава, и третата Џамбо продавница. Вкупната инвестиција во две нови згради што се наоѓаат на истото место е повеќе од 2 милиони евра, каде ќе работат околу 100 луѓе.

Во исто време, на своите клиенти Веро им нуди специјални и ексклузивни увезени производи што може да се најдат само во маркетите на компанијата. Освен големиот избор на производи и услуги со висок квалитет, Веро на своите клиенти и понатаму ќе продолжи да им претставува нови понуди и акции прилагодени специјално за нивните потреби и желби.

“Ова е наш втор објект во Тетово и зафаќа површина од 2.500 квадратни метри и инвестиција од 2,5 милиони евра. Во овој маркет реализиравме нов концепт со комбинирање на продавниците Веро и Џамбо на исто ниво. Во дуќанот исто така имаме околу 100 работници кои се од ова место заедно со менаџерите кои мислам дека ќе имаат добра кариера. Ние бевме првите странски бизнисмени кои решија да инвестираат во Македонија и нашиот бизнис го започнавме во 1997 година. Ние ќе продолжиме да се прошируваме бидејќи веруваме во висок стандард и ќе продолжиме да нудиме производи со висок квалитет и со поволни цени”, рече Николаус Веропулос, сопственик на маркетите ВЕРО.

Loading...

Shpërndaj me