На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега вербално и физички била нападната медицинска сестра. Според Министерството за здравство, неа ја нападнало лице на кое претходно му починал близок роднина. Медицинската сестра поминала со полесни телесни повреди, но е во тешка психолошка состојба, соопштуваат од Клиниката. Министерот за здравство денеска соопшти дека се бара поголема безбедност во Клиничкиот центар, но и низ сите болници.

Директорката на клиниката, Маја Мојсова потврди дека ова не е единствен случај каде цел на напад е лекарски персонал во овој оддел.

Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот и оти ќе преземат конкретни мерки.

Валмира Зендели

Loading...

Shpërndaj me