Американската тенисерка Серена Вилијамс која по 14 месеци се врати на терените, на турнирот Индијана Велс, го заврши својот настап уште во третата рунда. Со 2:0 беше поразена од нејзината постара сестра, Венус. Досега сестрите одиграа 29 меѓусебни дуели, од кои 12 ги доби Венус. Инаку, ова е првата нејзина победа против Серена после цели четири години. Во машка конкуренција, актуелниот првак, Роже Федерер немаше проблеми на мечот против Филип Крајиновиќ и се пласираше во осминафиналето.

Shpërndaj me