Иако изгледаше дека францускиот експерт е сѐ поблизу до клупата на минхенски Баерн, по сѐ изгледа од тоа нема ништо.

„Се радувам што ќе учествувам во овој исклучително важен предизвик, не само поради тоа што отсекогаш бев заинтересиран за фудбалот од оваа перспектива, туку и поради глобалната мисија што ја има ФИФА. Мислам дека оваа нова ФИФА од сѐ срце се грижи за фудбалот, дека фудбалот ѝ е најважната цел“, изјави Венгер.

Неговата нова работа се однесува на машката и женската фудбалска лига, а поранешниот тренер на Арсенал ќе учествува и во донесување на одлуки и закони.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...