Велосипедист со тешки телесни повреди е пренесен во охридската болница откако во него удрил автомобил. Несреќата се случила вчера, во попладневните часови, на крстосница во Охрид.

Како што прецизираат од МВР:

На 07.11.2019 во 17.20 часот на крстосница од улиците „Мaкедонски просветители“ и „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од И.К.(35) од Струга, и велосипед, управуван од С.Т.(51), од с.Пустец – Р.Албанија. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...