Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Агим Велиу му порача на Движењето Самоопределување дека чекаат одговор во врска со понудата за коалиција. Вчера Самоопределување и официјално го испрати името на Албин Курти како мандатар на новата косовска влада. Сега тече рокот од 15 дена до кога тој треба да ја предложи.

„Ние ја дадовме нашата понуда и чекаме Самоопределување да се изјасни инаку немаме ништо друго што да кажеме… Нашата понуда е она што беше дадено, тоа е принципиелно и секако раководството на ДСК ќе стои зад тоа“, рече Агим Велиу, потпретседател на ДСК.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...