Министерството за образование не кажува колкав е бројот на ученици кои по завршување на деветтото одделение нема да се запишат во средните училишта во Велес туку ќе одат во други градови. Од образование не одговараат иако изминаа пет дена откако ги добија прашањата. Ако трендот продолжи, постои можност да се затворат и постоечки паралелки. Но, кога доаѓа моментот да се реагира за овој проблем, родителите се двоумат.

Патувавме во градот Велес, каде родители на деца кои по завршување на основното образование се запишуваат во други градови, а не во средните училишта во Велес, ни ги посочија причините зошто го прават тоа односно проблемите со кои се соочуваат. Иако бевме договорени да се сретнеме, кога пристигнавме тука, тие веќе не беа достапни ни на телефон ни на друг начин. Се чини дека во моментот кога треба да ги изнесат проблемите пред камера, стравот од камера добива поголема важност од проблемите со кои се соочуваат со години.

Универзитетскиот професор, Лулзим Адеми, вели дека вината за недостиг на наставен кадар главно е во МОН, но и кај родителите кои не го креваат гласот. Според него, на министерот Адеми му е лесно да апелира до наставниците да се пријават за настава во местата во кои нема персонал, но кога треба да преземе чекор за нивна мотивација, не прави ништо. Тој вели дека соодветно не се покриваат ни патните трошоци што е минимум што треба да се направи.

За средното училиште во Велес треба да се прави голем стимул од МОН за да ги поттикне овие кадри кои се без работа, да одат и да работат во Велес, за да не ја остават гимназијата да згасне. Кога тоа ќе се направи, верувам дека и родителите ќе реагираат поинаку. Круцијалните предмети во овие училишта се држат од професори Македонци“, изјави Лулзим Адеми, универзитетски професор.

МОН и Државниот просветен инспекторат не ја вршат својата функција да реагираат на случаите кога процесот на образование за некои деца завршува со завршување на деветтото одделение. Иако средното е задолжително.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...