Switch.mk. е веб платформата на која може да се видат цените на македонскиот пазар на електрична енергија на мало. Презентацијата ја направи Регулаторната комисија за енергетика од каде потенцираа дека земјава е првата држава во рамки на Енергетската заедница која воведува ваква функционална алатка. Платформата нуди корисни информации за потрошувачите, со цел подобро разбирање на тоа како функционира пазарот на електрична енергија, кои се нивните права и обврски, како да се заштеди енергија.

„Switch.mk е наменета пред сé за малите потрошувачи и домаќинствата и има за цел да им помогне при нивниот избор на снабдувач со електрична енергија. Веб-платформата е достапна на три јазици, македонски, албански и англиски јазик. Тука потрошувачите може да направат споредба на достапните понуди од страна на активните снабдувачи на пазарот на мало со електрична енергија, односно да добијат јасни, сеопфатни и ажурирани информации за цените на електрична енергија, периодот на траење на договорот за снабдување, фактурирањето, како и другите услуги поврзани со снабдувањето со електрична енергија“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...