Нема промена во ставот дека С. Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите за членство во ЕУ. Ова беше пораката на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји во својата прва посета на Скопје. По средбата со техничкиот премиер, Оливер Спасовски, Вархеји истакна дека С. Македонија направила доволно во сферата на реформите, изразувајќи признание и за Преспанскиот договор.

„Треба да работиме уште повеќе за да процениме дека С. Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство. Нема промена во овој став и остануваме посветени. Мора да ги почнеме преговорите со овие две држави. Пред загрепскиот самит мора да имаме позитивна одлука од Европскиот Совет. Новиот пристап на ЕУ, мора да биде објективен, подинамичен, со повеќе политичка основа и побезбеден“-рече Оливер Вархеји- комесар за проширување на ЕУ

Комесарот побара од Европскиот Парламент на земјава да ù се додели награда од 50 милиони евра за конструктивните постапки и тие да се искористат за европски намени.

Спасовски пак, го истакна разочарувањето поради тоа што земјава во ноември лани не доби датум за преговори, но сепак новата методологија за проширување, рече тој, уште повеќе ја мотивира владата.

Претходно, Вархеји се сретна со претседателот Стево Пендаровски од кого доби гаранции дека и за идните владини состави, членство во ЕУ нема алтернатива. Верхеји се сретна и со Спикерот на Собранието, Талат Џафери, а потоа и со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, но и со првите луѓе на албанските партии. Вархеји утре ќе престојува во Албанија.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...