По првото коло од пролетната сезона, продолжува битката за шампионската титула помеѓу црвено- екипи Вардар и Шкендија кои издвоија победи во 19-то коло. Вардар со убедливи 3-1 ја победи Македонија Ѓорче Петров додека Шкендија со пресврт победи против Академија Пандев со конечни 2-1. Тренерот Ернест Ѓока изјави дека е задоволен со настапот на своите избраници.

„Задоволен сум бидејќи сметам дека екипата го даде максимумот, го контролиравме натпреварот одлично бидејќи игравме со силен противник. Да имаш негатив и да го вратиш резултатот, мислам дека тоа го може само Шкендија…но се работи само за еден натпревар, патот е долг“, рече Ернест Ѓока- тренер на Шкендија.

Силекс и Работнички се единствените екипи кои постигнаа гостински победи. Екипата од Кратово со одличен гол ја победи Ренова во Тетово додека „Романтичарите“ се вратија од Струга со максимални бодови. Во меѓувреме, ФК Шкупи потешко од очекуваното победи против Борец со 2-0. Ќатип Османи изрази задоволство од своите играчи, особено во вториот дел.

„Притисокот за победа го направи своето, особено во првиот дел. Во вториот дел, тимот покажа карактер, покажа борбеност, со која ќе продолжиме да ја покажеме на секој натпревар“, рече Ќатип Османи- тренер на ФК Шкупи.

По 19-то коло, прв на табелата е Вардар со 39 поени, пред Шкендија со 31 и Силекс со 30. Четврти е Академија Пандев со 27, бод повеќе од Македонија ЃП и два повеќе од Шкупи. Во опасната зона за испаѓање е Борец со 20 поени, бод повеќе од Ренова и два повеќе од Работнички на последната позиција.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...