Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде очекува најновите засилувања во клубот, Нето, Антоан Гризман и Френки де Јонг, да ги оправдаат неговите очекувања и брзо да се вклопат во тимот, пренесуваат шпанските медиуми. Валверде најави пократка тренинг сезона, но изрази убеденост во добрата форма на неговите играчи.

– Тоа се три важни засилувања. Секој од нив е важен на свој начин. И ние очекуваме многу од нив. Тие се свесни дека нашите навивачи се возбудени и желбата ни е новите да се воиграат брзо со тимот, изјави Валверде.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...