Следната недела, германскиот Бундестаг ќе одлучи дали е за почеток или не на преговорите на Македонија за интеграција во ЕУ. Гласот на Германија е важен бидејќи беше причина за одложување на датумот за во јуни. Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи се наоѓа во службена посета во Берлин каде вели дека добил гаранции оти Германија ќе го поддржува почетокот на преговорите со Скопје. Османи во Берлин се сретна со државниот министер за Европа, Михаил Рот.

Добив потврда за силна поддршка од Германија и за глас во Советот, но и исчекување дека Бундестагот ќе ја потврди убедливо препораката на ЕК за почеток на преговори. Тоа што е важен момент за мене денеска, беше писмото од првиот човек на Бундестагот, претседателот на германскиот парламент да учествувам на пленарната седница на Бундестагот следната недела, во тој момент кога Германија ќе ја одобри одлуката за почеток на преговори – изјави Бујар Османи.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан во интервју за Гласот на Америка изјави дека се надева оти Македонија ќе добие зелено светло за отпочнување на преговорите.

Се надеваме Северна Македонија ќе ги почне преговорите за членство по средбата на Советот на Европа на 16 октомври. Ние веруваме дека владата во Северна Македонија го помина овој критериум, дури многу порано. Северна Македонија секако дека може да ја помогне својата кауза со спроведување на агендата на реформите и спроведување на новиот Закон за Јавно обвинителство. Би сакале да сме партнери со владата на Северна Македонија во поддршка на реформската агенда. Сакам да и помогнеме на таа земја да оди напред – рече Метју Палмер- специјален пратеник на САД за Западен Балкан.

Во текот на вчерашната посета на Скопје, претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск ги повика земјите членки на ЕУ да го направат нивниот дел, односно да гласаат за отпочнување на преговорите за членство на Македонија.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...