Бугарија нема да даде безрезервна поддршка за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарската Комисија надлежна за решавање на историските прашања со нашата земја. Тој рече дека доколку Комисијата не успее да ги реши сите историски спорови меѓу двете земји, бугарската влада треба да заземе нов став со јасни критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес.

Последниот состанок на Комисијата предизвикува несигурност. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија. Следниот месец може да биде клучен за нашите односи, бидејќи Советот на ЕУ може да донесе одлука за почеток на преговорите за зачленување на Северна Македонија. Ако вие можете да гарантирате дека во рок од еден месец Комисијата ќе ги реши сите спорни прашања, тогаш бугарската влада може да продолжи со политиката на безусловна поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ – изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Од нашата влада не ја коментираат изјавата на претседателот Радев. Но, за разлика од бугарскиот претседател, за време на посетата во Скопје премиерот Бојко Борисов изјави дека Бугарија нема да ја блокира интеграцијата на Северна Македонија, бидејќи тоа е во интерес и на регионот. А премиерот Заев изрази уверување дека Комисијата за историски прашања ќе изнајде решение пред ЕУ да одлучи за добивање датум. Комисијата на историчари од Македонија и Бугарија застанаа кај решавањето на прашањето на Гоце Делчев. За ова прашање има предлог тој да фигурира како херој на двете држави и да се одржуваат заеднички манифестации на историски датуми.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...