Бројот на загинати во вчерашното невреме што го зафати регионот на Халкидики се искачи на седум. Како што пренесува Катимерини, последната жртва била пронајдена кај брегот на Неа Каликратиа и се испитува дали станува збор за 62 годишниот рибар што претходно беше прогласен за исчезнат.

Во меѓувреме, портпаролот на грчката влада, Стелиот Пецас соопшти дека на регионот ќе му биде овозможена финансиска помош од владата.

Околу 80 отсто од полуостровот Халкидики сè уште се без струја.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...