Регистрирана е и втората жртва од вирусот корона во земјава. Станува збор за 63-годишен маж од Дебар кај кого вирусот бил потврден пред неколку недели.

Во меѓувреме, бројот на заразени лица се зголеми. Во последните 24 часа има 22 нови случаи со што вкупниот број се искачи на 136.

Терапијата која дава позитивни резултати во некои земји ќе се дискутира во стручниот колегиум на Министерството за здравство. Филипче најави дека терапијата е во фаза на анализирање, но оти државата обезбедила доволно количини за нејзина примена кај илјадници пациенти.

Првата жртва од овој вирус кај нас беше 57-годишна жена од Куманово која имала негативен резултат на првите два теста, додека третиот тест кој лекарите велат дека го направиле откако таа починала, се покажал позитивен.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...