Почина и петтата жртва од експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце. 36 годишната девојка три дена се бореше за својот живот во ургентиниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Не успеа да се спаси затоа што степенот на изгореници од 80% предизвикал други компликации на виталните органи.

Ургентен центар „Мајка Тереза“

„Денеска околу 13 и 20 минути и покрај максималните напори на лекарскиот тим, како последица на сериозни повреди, што лекарите сметаа дека се инкомпатибилни со живот, почина 36 годишната пациентка. Состојбата на останатите двајца пациенти останува критична каде и двајцата, 45 годишната жена и 50 годишниот маж, се наоѓаат на апарати за вештачко дишење.“

Во кома остануваат 30 годишната девојка со изгореници од над 80% и 10 годишниот син со трет степен на изгореници. Лекарите соопштија дека знаци на подобрување има кај младата бремена жена чие бебе е стабилно. Во трагедијата што се случи во неделата загинаа три деца. Потоа почина и повредениот Шаип Алими, а 36 годишната која почина денеска и беше мајка на загинатата Суејла Бајрами.

Përgatiti: Adnan Qaili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...