Од потонат брод, повторно дојде до излевање на нафта во каналот Студенчишта во Охрид, кој е природно поврзан со Охридското езеро. Овде со години стојат хаварисани и надвор од употреба пловни објекти, поради што често пати доаѓа до излевање на нафта и бензин што влијае врз животинскиот свет кој тука опстојува.

Иако со голо око неможе да се види излеаната нафта, од Капетанија на пристаништа велат дека нивни екипи веднаш излегле на терен и оти старите возила во најбрз можен рок ќе бидат отстранети. Од Јавното прептројатие Биљанини извори велат дека постојано апелираат да се отстранат овие пловни објекти.

„Ние сме апелирале и порано да се поведе поголемо внимание за ваквите пловни објекти, бидејки може да дојде до истекување на масло и нафта и да дојде до хаварија во самиот канал.Тоа е канал кој носи чиста и питка вода во Охридското езеро од Биљанини извори“, рече Гордана Јовановска-директорка на јавно претпријатие Билјанини извори.

И минатата година имаше излевање на нафта во каналот исто така од пловни објекти паркирани таму, но по брзата реакција на капетанија и надлежните општински служби нафтата беше дислоцирана од каналот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...