Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата, туку дали, кога и како оваа земја ќе излезе од Европската унија. Главните ривали на изборите се владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабористичка партија на Џереми Корбин.

Изборите се одржуваат две години пред редовните, откако на тоа инсистираше премиерот Џонсон, надевајќи се дека ќе освои апсолутно мнозинство и ќе ја изведе земјата од политичкиот ќорсокак околу Брегзитот. Џонсон вели дека ако неговата партија освои мнозинство парламентот ќе го ратификува договорот со Брисел што кон средината на октомври го постигна со ЕУ и оти неговата влада ќе направи се за да се оствари Брегзитот во договорениот рок, 31 јануари.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...