Британската премиерка Тереза Меј денеска пристигна во Скопје каде беше срдечно пречекана пред платото на Владата на Република Македонија.

Таа ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 17:00 часот.

Ова е прва посета на британски премиер во Македонија по 19 години, откако во 1999 година, во Скопје беше тогашниот британски премиер, Тони Блер.

Следете го во живо пречекот на премиерката Тереза Меј пред платото на Владата на Република Македонија.

Posted by Zoran Zaev on Thursday, 17 May 2018

Shpërndaj me