Британскиот политички естаблишмент е во хаос очекувајќи го излегувањето од Европската унија. По сѐ се чини дека и деновите на премиерката Тереза Меј се изборени, но кралството и лондонскиот „Тауер“ се заесега безбедни од пророштвото претскажано во вековната легенда, пренесува Ројтерс.

Агенцијата потсеќа дека, според древната легенда, кралството ќе падне кога гавраните ќе ја напуштат скоро илјада година старата британска тврдина.

Се верува дека од владеењето на кралот Чарлс II, во 17 век, на тврдината е населена мала група птици со цел да се спречи остварување на пророштвото и од тогаш нивниот број се движи од 6-7 птици.

Веста, која ја пренесоа повеќето локални медиуми е дека, после 30 години, деновиве на ѕидините се родиле четири гавранчиња.

„Сметаме дека идејата за одгледување гаврани во Тауер е добра оти така ќе можеме да се спротивставиме на претскажувањето кое вели дека тврдината ќе се претвори во прав и пепел ако и последниот гавран замине од гнездото“, вели Кристофер Скејф, задолжен за гавраните на тврдината.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...