Неприлагодена брзина и делумна неисправност на сопирачките се главните причини за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица. Извештајот од експертизата денеска ги објавија од Јавното обвинителство.

Во своето излагање, обвинителот Сашо Рајчев ги изнесе на виделина сите елементи коишто директно и индиректно влијаеле врз несреќата. Податоците од вештачењата спроведени на машинскиот и електро-техничкиот факултет откриле дека во автобусот бил вграден уред за манипулација со уредот за следење на брзината (тахограф) и оти сопирачките го немале потребното ниво на функционалност пропишани за тој тип возило. Истрагата утврдила дека непосредно пред несреќата возачот го вклучил уредот за манипулација со тахографот при што тој покажувал брзина од 80 километри на час, иако реалната брзина на движење изнесувала 99 километри на час. Сообраќајното вештачење утврдило дека заради неприлагодената брзина, којашто според прописите, за овој тип на возило е ограничена на 80 км/ч, возачот ја загубил контролата и излетал од коловозната лента. Потоа, заради нефункционалност на сопирачките со полн капацитет, возачот не бил во можност да го сопре движењето на автобусот. Следувало излетување од патот и негово превртување.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...