Иако не гледаат и не слушаат овие луѓе како и сите други ги доживуваат емоциите од светското првенство во Русија. Благодарение на една професионална програма, навивачите кои имаат некаков хендикеп може да доживеат многу фудбалски емоции.

„Јас им кажувам дали Бразил напаѓа повеќе лево или десно, дали има пенал, дали дават гол или дали екипата е во напад. За да го кажеме тоа ние го изградивме овој мал фудбалски терен. Текстурата ја симболизира тревата, а со лепак е заокружен теренот за да се добие идеа колкав е теренот“, вели Ренато Родригез.

Целта на оваа програма е сите луѓе да бидат дел од спортското уживање и сите исто да ја доживеат светската фудбалска еуфорија.

„Идејата е да постои сеопфатна слава и лицата со попречености да имаат пристап до натпреварите на Бразил. Сите да бидат заедно, сите да бидат навивачи и да навиваат за Бразил“, изјави Лара Соут.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me