Според Меѓународниот центар за спортски студии, Бразил со 1.236 играчи кои играат надвор од границата на оваа земја е најголемиот извозник на играчи во светот. По Бразилците следуваат Французите. Вкупно 821 играч настапува надвор од границите на Франција, со тоа што најголем број од нив играат во Англија.

Македонија во ова рангирање со 77 играчи што играат надвор од границите е на 46-тата позиција. И покрај тоа што бројот на играчи кои настапуваат во странство, за разлика од лани е зголемен за 17, Македонија во ова рангирање падна за седум позиции. Повеќето фудбалери настапуваат во Албанија. На домашното првенство од 232 играчи колку се регистрирани за следната сезона, најмногу странци има од Србија или вкупно 13, додека од Бразил имаме 6.  Оваа година бројот на играчи со албанско потекло е зголемен, така што сега имаме 5.

Гледајќи го бројот на играчи кои играат во странство во споредба со бројот на локалните жители прва е Исланд. Македонија е на осмото место во ова рангирање, односно, на  27.000 жители имаме по еден играч кој игра надвор од државните граници.

Сафет Адеми

Shpërndaj me