Жителите на Загреб, но и на други градови во Хрватска деновиве се вознемирени од наезда на растителни вошки што почнале да напаѓаат и луѓе. Каснатите места набрзо отекуваат и се јавува сврбеж.

Според толкувањата на експертите, станува збор за инвазивни видови, различни од досега среќаваните низ Хрватска, кои од засега необјаснети причини почнале да напаѓаат луѓе.  Загрижуваат податоците што засега нема ефикасно средство во борба против овие паразити, а немаат ниту природен непријател.

Градските власти соопштија дека од големата наезда речиси сите дрвја низ градските паркови се со свенати и пожолтени листови.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...