Илјадници луѓе денеска ќе изразат почит на жртвите од масакрот во Сребреница кој се случи во јули 1995 година, кога животот го изгубија повеќе од 8.000 муслимани.

Настанот што се случи пет месеци пред завршувањето на војната во Босна беше квалификуван како најголема бруталност што се случила во Европа по Втората светска војна. Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во Сребреница се квалификува како геноцид.

На настанот денеска ќе се обрати и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...