Присуството на Косово на Самитот на ЕУ во Софија на 16 и 17 мај, беше една од главните теми на средбите на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов со највисоките државни претставници на Косово.

Бугарскиот премиер беше пречекан во Приштина на одделени средби од претседателот Хашим Тачи и од премиерот Рамуш Харадинај. Борисов истакна дека го поканил косовскиот претседател да биде присутен на Самитот на ЕУ, потсетувајќи дека Бугарија го призна Косово и продолжува да го поддржува во интеграциските процеси, особено сега кога е претседавач на ЕУ.

Тој ги повика лидерите од Балканот да го остават настрана личното его, бидејќи ова според него, е фатално за иднината на овие земји. Борисов додаде дека Косово и Србија се обврзани да ги решат меѓусебните проблеми.

Бугарскиот премиер исто така потсети дека ставот на ЕУ е да не увезува кризи, затоа земјите кандидати треба да ги решат проблемите пред членството во ЕУ.

Loading...

Shpërndaj me